До 2004-та година Тајпеј 101 го држеше приматот за највисока зграда на светот кога титулата му ја одзеде Бурџ Калифа од Дубаи.
Како и сите супер големи облакодери, така и 508 метарскиот 101 има внатрешни механизми кои ја стабилизираат градбата за време на силни ветришта кои не го спречуваат нишањето туку го контролираат. Постојат неколку различни пристапи кон проблемот а небодерот во Тајван е опремен со тн хармоничен апсорбер, всушност една масивна топка закачена со хидраулични цилиндри на врвот на зградата која претставува контратежа на движењата на објектот. За време на ова невреме, топката се поместила за досега рекорден еден метар.
Додека го гледате видеото имајте предвид дека:
- тегот има дијаметар од 5,5 метри.
- тежи 728 тона.
- закачен е меѓу 87-от и 92-от кат.
- движењата што ги гледате на снимката се всушност движења на зградата околу тегот.
За да се добие претстава колку разурнувачки беше тајфунот кој однесе преку 20 жртви, видете ја снимката како ветерот успева од земја да подигне паркиран Боинг 747 кој празен тежи 170 тона.