Проаприлска смешка првенствено би требало да биде - смешка. Направена на свој човек или своја група луѓе кај кои можеш лично да ги гледаш ефектите од смислената дубара. Денеска тоа обично се стории кои се пуштаат на интернет и обично - не се смешни. Во огромен дел личат на нешто кое лесно би можело да биде и добро смислена корпоративна кампања (али анти - кампања).
Затоа јавните извинувања на 2-ри април станаа вообичаени како и самите првоаприлски шеги. Доаѓаа од полициски служби (Топ Гир дека затвориле автопат), високо позиционирани менаџери на Гугл (дека се руши кинескиот интернет фајрвол), од големи корпоративни ѕверски ( шеф на Electronic Arts дека се префрлил на Нинтендо).
На тој начин ефектите од првоаприлските шеги станаа предвидливи како и шопинг стампедата на Црниот петок или сексизмот во рекламите на финалето на Супербоул.
Промените се должат на самата природа на платформата по која денеска првенствено се шират првоаприлските шеги. Интернетот е прекрасно демократична платформа која баш и не инсистира на разликите меѓу прикаските и фактите. Тоа значи дека на неа лагите се шират на ист начин како и вистините.
Но, тоа го имате постојано. Хафингтон пост има сектор за "Weird News", го имате Онион, на Редит имате и сектор за "Вести кои, за жал, не се кромид", кај нас ги имате (главно одличните!) Коза ностра.... Оттука, ваквите заебанции на интернет се 24/7365 и Први април веќе не е нивниот патронен празник.
Против првоаприлските шеги можете да бидете затоа што веќе не се смешни, или пак затоа што на ниво на манифестација стануваат еднодневна легализација на најморонски идеи (стории од типот: "12 начини како да го заебеш цимерот"), или пак затоа што денот одамна е окупиран од ПР службите на брендовите, политиката или други интересни групи кои ќаруваат од комбинацијата хумор плус слободен проток на "информации".
Некогашните првоаприлски смисалици немаа потреба од суптилност, сатира. Целата финта беше да заебеш некого и на крај да му кажеш Априли-лили. Денес ситуацијата е посложена. Но повторно се сведува на исто: наивните секогаш ќе наседнат (не само на тој датум) а претерано сомничавите и онака не се интересни бидејќи ретко го сфаќаат вицот.