Занимливости

Што нè научи компир салатата?

Кикстартер идејата да се соберат 10 долари за правење компир салата, заврши со неверојатни 50.000 долари. Иако признава дека сè почнало како заебанција, човекот кој ја водеше оваа лудо успешна кампања има пар совети за сите оние кои планираат да соберат пари од луѓе на интернет.

Данците се генетски програмирани да бидат среќни?

Владите на државите кои полошо стојат од Данска на глобалниот индекс на среќата можат да накриват капа: одговорот зошто Данците секогаш се на врвот на среќните луѓе на оваа планета да ти лежел во генетиката.

Еден збор од кој треба да се откажете веднаш

Ако сакате животот значајно да ви се поправи, откажете се од тој збор Тој збор го има и во насловот на оваа статија. Погодувате кој?

"Правилото за 20 секунди" кое го менува животот

Дали ќе го читнете овој текст веднаш или ќе видите прво што тоа ви се отвори во другиот таб? За тоа се работи.

За чиста раса и бели дробови

Владите денес најнормално се поставуваат како дадилки во однос на своите граѓани кои кога треба да ги гласаат се богови ама веднаш потоа стануваат малоумници кои не знаат сами да носат одлуки за својот живот. Ваквиот патернализам во однос на цигарите и грижата за здравјето на нацијата први  го воспоставија нацистите.

Познатиот е подолг

Колку повеќе пати сме минале некој пат, толку тој ни се чини подолг, потврдува едно британско истражување кое објаснува зошто секојдневните одења на работа или училиште на луѓето им изгледаат бескрајно долги.

Научно решение за заплеткани слушалки

Без разлика колку педантно сте ги замотале и ставиле во џеб или ранец, од таму слушалките секогаш излегуваат со преплет црева. Но, за што служат физичарите?

Упатството за пишување на ЦИА

Како и секоја организација која се утепува од пишување, така и ЦИА има детален водич за тоа како треба да изгледаат официјалните извештаи, и кои зборови и како може да се користат. Деновиве на интернет се појави осмото издание на упатството.

Со еден збор: Шокантно!

Дека на некои луѓе им е досадно да бидат сами со себе и своите мисли, океј. Ама, попривлечна алтернатива од тоа да им бидат електрошокови?

Треба прв да ти текне

Не е баш најамбициозниот проект кој може да се најде на Кикстартер, но веројатно токму тоа е клучот на неочекуваниот успех. Како што е ред, на иста финта сега ќе пробаат и други и ќе изрикаат ко магариња.

Градот во кој се прават фудбалите

Во еден град во Пакистан се произведуваат фудбалски топки. Многу фудбалски топки. Речиси половина од сите фудбалски топки кои се тркалаат по светов.

Роден да филозофира

Иако можеби срцето му е гладно, душата очигледно му е жедна за малку филозофија. А по него, ете ги и неговите фанови.

Престанете да им викате на депресивните пријатели да се расположат

Списокот на „охрабрувачки" фрази кон кои прибегнуваме кога не сме сигурни што да им кажеме на нашите несреќни пријатели е долг - од „не се секирај", преку „ќе помине" до „ќе види (он/она) убаво". Сите тие може да се кажани добронамерно, ама и за добрите намери знаеме каде можат да водат.

Парфем со мирис на мишка

Уметнички концепот е ова, ама, ако некогаш стане комерцијален производ, автобусите на ЈСП можат да станат драгоцени рудници за суровина.

Каде одат девојките со точак?

Дофрлањето "Женска, ти диши ланецот" и слични генијалности беше (е?) еден од најголемите дострели на маалските фраери заболени од хроничен неебитис. Веројатно не ни знаат дека токму со точакот, девојките почнаа да стануваат недостижни за дрипци како нив.

Статистики што немате потреба да ги знаете

Не е листа туку е цела книга со вакви податоци кои за дополнителен ефект се и меѓусебно поврзани, од типот луѓето што биле на состаноци на слепо, е поверојатно да имаат визит карти.

Како севернокорејските фудбалери завршија во рудник

Секој народ во својата митологија има некој митски пораз, траума која се прераскажува од колено на колено, со мрачно лице и со длабока воздишка. Кога нема војни и природни катастрофи, тука е фудбалот.

„Роденденскиот парадокс" на Светското првенство

Чудно е, но вистинито - во која и да е група од 23 луѓе постои 50% шанса двајца од нив да се родени на ист ден. На светското во Бразил има 32 екипи со по 23 луѓе, што е одличен терен за проверување на вистинитоста на ова тврдење.

Светско првенство во сè останато

Квалификувани се истите нации како и за Мундијалот во фудбал, и сите се поделени во истите групи, само сега се натпреваруваат во категории за кои побожно може да навиваат само економисти и статистичари.

Кој е психопатот во вашето друштво?

Психопатите ги замислуваме како Чарлс Менсон, како на чело да им пишува дека се психопати. А можат да бидат и наши пријатели. Разгледајте го своето друштво, ако баш нема ниеден кој е сомнителен, тогаш, како да ви кажеме....

Италијанецот е турска роба

Тоскана е срцето на Италија чии луѓе од памтивек ширеле пресудни вибрации за целата римска и подоцнежна цивилизација. Со современи ДНК анализи утврдено е дека дошле од Турција.

Назад, назад, Калино моме

Како што гласи најпопуларната геј регрутна парола "кој еднаш пробал, веќе не се враќа" така и на човеков му е тешко да престане да биде рикверц. Додуша, минале 25 години откако првпат решил да биде обратен.

Најлошиот келнер во историјата

Сан Франциско, крајот на 60-те, кинески ресторан Сам Во. Влегува гостин, а таму Едсел Форд Фонг - најнавредливиот келнер на светот - го пречекува со "седи и заќути."

Не постои такво нешто како "дроља"

„Дроља" или „ороспија" е едноставно навредлив термин кој дури (или особено) помеѓу жените служи за воспоставување хиерархија и за меѓусебно контролирање. Има и класни разлики во тоа кое однесување жените го дефинираат како курвинско.