GPS навигација на која ќе може да ѝ верувате

Се остварува една од најлогичните работи на светот. Баршунастиот и авторитетен глас на Морган Фримен станува гласот за ГПС навигација. И тој ви вика: "Кликни за повеќе".

Животот е полн со прашања: Каде одиме? Како да стигнеме таму? Кој ќе нè води по патот? Искуството ни вели дека постои само еден глас на кој можеме да му веруваме за одговорите на овие прашања: оној на Морган Фримен. Сега тој мек но уверлив глас е подготвен да ни понуди совет во моментите кога многу ни треба - како навигација на автомобилските GPS уреди.

Морган Фримен и неговиот глас ќе биде уфрлен во Waze, бесплатниот сервис за навигација на Гугл. Оди па не го послушај кога ќе ти каже да свртиш лево.

Се работи за фина зделка со дополнителна маркетиншка вредност, во пресрет на филмот "London Has Fallen" (продолжеток на "Olympus Has Fallen") во кој Фримен глуми американски потпретседател кој возачот (гледачот) го води низ Лос Ангелес.

Само да не го снимат на хелиум.

 За филмот чија премиера е закажана за 4 март тука, за апликацијата овде.  

 

23 февруари 2016 - 14:39