Нова студија на оваа тема заклучува дека луѓето прилично различно интерпретираат некои од најпопуларните емотикони. Еден од најчестите извори на недоразбирање е емотиконот „лице со солзи радосници“ кој беше прогласен за збор на годината од страна на Оксфордските речници (тука) Еден од авторите на истражувањето, Хана Милер, докторантка од Универзитетот во Минесота, изјавила дека првичната претпоставка, дека користењето емоџи за комуникација подразбира мал ризик, се покажала како погрешна, и дека тука всушност постои прилично голема шанса за погрешно толкување на кажаното (односно нацртаното).
„Само 4,5% од истражуваните емотикони имаат конзистентно ниска варијација во толкување на чувствата кои ги претставуваат. Од друга страна во 25% од случаите учесниците имаа различни мислења за тоа дали чувството е позитивно, неутрално или негативно“
Оваа ситуација дополнително се усложнува доколку пораката се испраќа преку различни платформи, затоа што истите емотикони се нацртани различно на ајфон отколку на Самсунг Галакси.
Еве како изгледа „лицето со потсмешлива насмевка“ на различните платформи и како учесниците ги протолкувале:
А еве пример како тоа може да функционира во реален чет:
Џејкоб Теболт-Спајкер, уште еден од шесторицата автори на студијата, вели дека дел од збунката произлегува од тоа што овој јазик е релативно нов.
„Теориите со кои располагаме велат дека луѓето градат заеднички, споделени значења со текот на времето. Овие симболи се нови. Кога луѓето градат нови норми внатре група пријатели или во рамки на еден географски регион, па дури и внатре една култура, овие нешта се нивелираат со текот на времето“
Еве ја ранг листата на емотикони и степенот на кој тие погрешно се интерпретираат на различни платформи.
Муабетот ни е дека без разлика дали се користи речникот на покомплицираните емоџи или пак се прибегнува кон „старовремските“ емотикони, како овој :(, кога постои воља, лесно е да НЕ се разбереме.