Вклучувањето на сликички од областа на науката во оние кои можат да се користат во онлајн пораки и постови би требало да е добра вест. Е, ама со научниците сè мора да е малку комплицирано.
Еве како би можеле да му се исплатат сите тие часови и часови поминати во чет на вашето дете (или на вас самите), кои излегува дека всушност биле бесплатен курс по странски јазик - јазикот на емоџи.
Користењето емотикони, за кои со симпатии пишувавме претходно (види овде), требаше да нè спаси од вербалните недоразбирања и двосмислености. Тоа требаше да биде јазик кој ги надминува културните разлики и овозможува универзална разбирачка. Ама...
Прво беа симпатичен украс на текстуалните пораки, но сега овие симболи се користат за цели реченици и пренесување сложени пораки. На нив се „преведени“ дури и цели книжевни дела.