Пол Погба е еден од најскапо платените фудбалери на денешницата. По одличните настапи во Јувентус, „црвените ѓаволи“ го вратија на „Олд Трафорд“ со верба дека Французинот ќе ги повтори маестралните партии од Италија.
А овој не само што не ги повтори, туку е и најслаб на терен секој натпревар, не се залага доволно, лежерно си трчкара по теренот и ни најмалку не се нервира што Манчестер би можел да остане и без Лига Европа следната сезона.
Во ситуација кога новиот тренер во клубот Оле Гунар Солскјер имаше фантастично деби и со 1:5 го згроми Кардиф, атмосферата во клубот е далеку порелаксирана отколку што беше со Мурињо.
Но тоа не е причина Пол Погба секојдневно да виси по социјалните мрежи наместо да се концентрира на ривалите, тренинзите, натпреварите.
Последно му направиле апликација за стикери и емоџи со неговиот лик и ги нарекле POGMOJI.
Има класичен избор на стикери од LOL до DAB:
После сè што му се случува сезонава на Погба и Манчестер Јунајтед, ако е дојдено до емоџи и смајли, тогаш клубот сериозно треба да ја преиспита иднината на Французинот во тимот.