Државната полиција на Вермонт го сопрела 41 годишниот Фернандо Естрела заради банален сообраќаен прекршок, на знак Стоп не сопрел туку нагазил на гас.
Проверката на неговиот Шеви минивен открила само некои нарко гаџети од типот на игли, лажичиња и сл. Но, полициското куче било видно вознемирено па Естрела бил одведен на дополнителна проверка која во неговиот ректум открила три преполни кондоми со хероин за точно 1,428 пакетчиња.
Естрела признал дека дозите се од њујоршкиот црн пазар а биле наменети за продажба во Вермонт. Ќе одговара за пар потешки кривични дела како и за прекршување на условната слобода на која се наоѓа поради дилање кокаин.
А сега филмски вратете ја во глава онаа сцена кога преполнетиот Естрела и неговиот, во други услови удобен за седење минивен, наидуваат на знакот Стоп. Па следува оној клучен кадар кога тој нагазува на папучата на гас.
А кој не би?