Ако мислите дека редењето чаши не е нешто кое има врска со мозокот, погледнете го видеото подолу. Во него неврологот Давид Иглман го претставува 10 годишниот Остин Набер, светски рекордер во брзо местење пластични чаши. Кога научникот пробува да се трка со него, разликата во брзината и вештината е повеќе од очигледна.
"Не само што ме растури. Побитна поента е што кога јас ги местам, го правам тоа свесно, со мислење, и притоа трошам многу ментална енергија за да ги следам правилата и да ја одржувам рамнотежата."
Двајцата биле поврзани на апарат за следење на мозочната активност. Кај овој трупов мозокот вришти од работа. Кај малиот и навежбан рекордер - мозокот на пасење. Причината е јасна: секојдневното вежбање ги имаат автоматизирано движењата на кои веќе не троши ментална енергија.
Несвесниот мозок игра многу поголема улога во нашите секојдневни одлуки и врски со другите отколку што мислиме, тврди Иглман кој тој однос свесно- несвесно го истражува кај завасниците од наркотици. Претпоставува дека обедлоденувањето на несвесната врска која нивниот мозок ја има со дрогата може да им помогне подобро да ги контролираат поривите. Но несвесното има улога и во пософистицираните акции, како што е сексуалната привлечност или формирањето политички ставови.
Постои дебата дали свесното е воопшто важно. Додека тоа регистрира нешто, стануваш некој кој последен го дознава штосот. И дали тогаш е воопшто важно што ти мислиш?, вика докоторот.
Автоматизираното и автономно работрење на мозокот е очигледно кај спортистите и сите други кои вежбаат одредена вештина. Безболот, на пример. Оној со палката има на располагање само неколку мили-секунди да замавне и да ја погоди топката која лета со 160 километри на час. Ако му ја мисли, веројатно ќе замавне со задоцнување од неколку секунди. Дури откако ќе ја удри или промаши, тој станува свесен што направил со ударот.
Трикови со несвесното се прават долго време, од рекламните спотови па до ентериерот на супермаркетите или казината. На трговијата ѝ одговара да го бајпасира свесното и кај конзументот да изнуди побрза одлука во своја корист.
"Свесното ВИЕ, она кое настапува сабајле кога ќе се разбудите е најмалиот дел од сето она што постојано ви се случува во главата. Ако мозокот е апартман, свесниот дел е само еден ормар во него," вели Иглман.