Националната унија на студенти на Британија (конфедерација во која членуваат повеќе од 95% од студентските организации во оваа земја, формирана 1922) ја обвинува традиционално малтретираната група за - малтретирање.
ЛГБТ конференцијата под покровителство на спомнатата организација усвоила резолуција која вели дека хомосексуалците мажи често се однесуваат мизогинично (мразат жени) и имаат предрасуди кон колешките-лезбејки. Истовремено, покрената е иницијатива за исклучување на претставници на геј мажи во ова здружение:
„Мизогинијата, трансфобијата, расизмот и бифобијата (аверзија кон бисексуалци, н.з.) често се присутни во ЛГБТ+ здруженијата (плусот означува голем број други групи сексуални и родови малцинства чие спомнување би го направиле акронимот предолг). Ова за жал е поверојатна појава во здруженија кои се доминирани од бели геј мажи (кои се и биолошки мажи, тн. „цис"). Тие не се соочуваат со опресија како геј мажи во рамки на ЛГБТ+ заедницата и оттаму нема потреба за нив да има резервирано место во комитетите".
Претставниците на спомнатата група го нарекол ова барање одвратно и знак на крајно непочитување:
„Единствениот начин на којшто ЛГБТ заедницата можеше да ги постигне своите права е настапувајќи како заедница. Треба да го преземеме факелот од нашите постари и да продолжиме. Не треба да почнуваме внатрешни кавги и да се сегрегираме меѓусебно".
Ова е само еден од конфликтите кои владеат во заедниците кои до скоро градеа заедничка брана против опресијата која доаѓаше однадвор. Сега се случува и едни феминистки да хејтаат други, затоа што вториве се „погрешен тип феминистки". Активисти за геј права меѓусебно да се обвинуваат за расизам и трансфобија. А сега дојде време да се дискриминираат геј мажите, затоа што не биле доволно дискриминирани.