Урбан

Јажето кое ќе ни овозможи вертикална иднина

Пред некое време во Букбокс пишувавме за културната историја на лифтовите чие постоење е историската причина што нашите градови денес се шират не само во хоризонтала, туку и во вертикала. Сега еден нов вид „кревало" ги поместува границите на оваа технологија.

Во одбрана на градовите со бесплатен јавен превоз

Кога пред некој месец загаденоста на воздухот во Париз достигна блесаво високо ниво, градот презема две радикални мерки - воведе пар - непар денови за возење автомобили и ги укина билетите за возење со јавниот превоз. Слично беше и во Скопје, кога загадувањето почна да поставува глобални рекорди.

Дали би платил 250.000 долари за стан од 18 квадрати?

Зградата е веќе изградена, и е предвидена за луѓе кои се подготвени да живеат во најмалите можни станови на светот. Микро-становите ќе почнат да се продаваат од 26-ти јули, (а покрај тоа како ви изгледа насловот) се меѓу подостапните домови на пазарот. Локација, едно од најнаселените места на светот - Хонгконг.

Ефикасен редизајн на паркинг таблите

Таблите со упатства како функционира паркингот знаат да бидат збунувачки, и овде и во Америка. Таму некој се сетил како да го реши проблемот и да ги направи визуелно разбирливи, ние да се сетиме да копираме.

Рециклирање на стадиони по Светско

Предлогот е на бразилски архитекти и предвидува пренаменување на сите можни стадиони што останаа од првенството, во станбени згради.

Бостон добива смарт клупи

"Телефонот не служи само за телефонирање. Зошто тогаш клупите да служат само за седење?" мудро размислува бостонскиот Коце Трајановски.

Како градовите ги требат бездомниците

Редовната незаинтересираност за бездомниците месецов беше разбиена со фотографија од Лондон на која празниот простор пред еден влез беше пополнет со железни крампони, чија главна цел беше да го одврати секој бездомник што помислил да го запоседне ќошот.

335 милиони долари што треба да го спасат Менхетен

Откако ураганот Сенди ги здроби Њујорк и Њу Џерси, Департманот за домување и урбан развој се зафати да работи како ова никогаш повеќе да не се повтори. Затоа што не знаеа како да го направат ова, тие објавија конкурс. Победија 6 компании. Само проектот за спас на Менхетен ќе добие 335 милиони долари.

Пуштате ли малцинства на пешачки?

Во пристојни земји пристоен човек не може да си дозволи јавно да ги искажува своите предрасуди и стереотипи. Тие можат да избијат евентуално во ситуации кога треба да донесе некоја брз одлука. На пример, во сообраќајот.

Аукција на паркинг места

Рим е толку полн со автомобили што човек ни за пари не може да најде слободно паркинг место. Но, она што не може со пари, може со - повеќе пари.

Чиш-та работа

Сан Франциско проблемот со мочање на јавни места го претвори во згодно решение. Или, како сред град можете да се олесните и со блажена фаца да си ја пеете: Градинарот цвеќето го расте.

Канцеларијата со едно биро

Без разлика дали сакаат или не, сите вработените на маркетинг агенцијата The Barbarian Group мора да делат едно ултра големо супер-биро што ја зафаќа целата канцеларија. Имаат 125 вработени.

Жената која ги смени тркалата на Њујорк

Благодарејќи на една жена на која доскорешниот градоначалник на Њујорк ѝ го довери градскиот транспорт, постојат видео снимки за драматично менување на изгледот на некои клучни њујоршки места. На подобро.

Кина гради град без автомобили

Ќе се вика Грејт Сити и од нула ќе биде изграден на ледина. Во него треба да собира 80.000 луѓе, кои ќе можат секаде да стигнат пешки.

Европа до уши заљубена во велосипеди

На страна традиционалните светилишта на велосипедизмот, како Холандија и Данска, во речиси секоја членка на ЕУ веќе се продаваат повеќе нови велосипеди отколку автомобили.

Најмоќната зграда во Њујорк

Името го добива заради луѓето кои до сега живеле во неа, меѓу кои се Џон Рокфелер, градежникот Вилијам Зекендорф (сопственик на Астор хотелот и Крајслер зградата), Вера Ванг, и заради условите кои треба да се исполнат за таму да ти биде адресат.

Зошто ја напуштив архитектурата

"Драги архитекти, вас ве прегази времето. Знам бидејќи и јас бев една од нив," пишува на својот блог архитектката Кристин Оутрам разочарана од фактот дека нејзините колеги комплетно го изгубиле контактот со луѓето.

Откатанчување мостови

Паралелно со феноменот на "катанци на љубовта," односно ставање катанци на недолжни парчиња од урбаната инфраструктура, во Њујорк се развива една нова супкултура - отклучувачи на катанци на љубовта.

Прага се упристојува

Во обид малку од малку да ги расчистат улиците од пијани туристи кои ноќе шпартаат како Зомбија, властите на европскиот Лас Вегас го забранија пиењето на огромен број места во центарот на градот.

Суети што го допираат небото

Топ листата на најсуетните облакодери (највисоките згради на светот со најмногу простор кој не може да се искористи за ништо) беше објавен во годинешниот извештај на Советот за високи згради и урбани живеалишта.

Куќата на Келвин Клајн

После 5 години градење и потрошени 75 милиони долари, вилата на дизајнерот Келвин Клајн сместена на имот од 40 илјади метри квадратни на самиот Атлантскиот океан е речиси готова.

Облакодерот што топи коли

Уште незавршен 160 метри високиот облакодер (ќе го пуштаат во 2014-та), луѓето што дадоа 200 милиони фунти за негова изградба сфатија дека отсјајот од стаклото на нивната зграда ги топи автомобилите паркирани во нејзина близина.

Може ли бре малку тишина?

Џорџ Прочник во Њујорк Тајмс моли за тишина и пишува дека секојдневната бучава на модерното живеење ни го гризе здравјето и ја убива човечката мисла. Кетлин Волдман во Слејт реагира: Дај заќути.

Отчетот на Блумберг

Мајкл Рубенс Блумберг е градоначалник на Њујорк веќе 12 години. Од неговиот допадлив отчет (во техничка смисла, бидејќи на нашиве градоначалници последен крик им е брошурка), издвојуваме само две бројки: 40.000 (!) нови градби и 724 километри (!) нови велосипедски патеки.