
По инвестирање на 1 милијарда долари за реновирање и пренамена, неделава беше отворен Каи Так терминалот за прекуокеански бродови (оригиналното име на аеродромот исто така беше Каи Так).
Објектот има површина од 7,6 хектари и може истовремено да опслужува 2 брода од по 50.000 тони, како и нивните 5.400 патници и 1.200 членови на екипаж.
Изградбата започна во 2009-та, а градските власти очекуваат дека терминалот до 2020-та ќе носи по 2,2 милијарди долари годишно, и ќе создаде околу 11.000 нови вработувања во градот.