Официјално: Градските паркови нè прават среќни

Подолго време минато во природата на градските паркови го зголемува задоволството од сопствениот живот и не прави помалку агресивни и анксиозни. Можеби кон здравјето, чувството за безбедност, задоволителната работа и позитивните социјални односи треба да се додаде и пристапот кон природата како едно од делчињата од мозаикот на среќата на градските луѓе.

Од Универзитетот во Ексетер извеле студија на преку 10.000 луѓе и дошле до заклучок дека луѓето се посреќни доколку живеат во зелени средини.

Чувството кое го дава зеленилото по својот придонес кон индексот на среќата не може да се мери со имањето партнер, но бидејќи политиките не можат да го регулираат последново прашање (засега), можат барем да градат паркови, фактор кој во студијата се издвоил како поважен и од стапката на криминалот.

Како што општествата стануваат сè повеќе урбанизирани, парковите и градските градини стануваат главен контакт на човекот со природата. Кога тоа ќе се поврзе со почистиот и посвеж воздух, станува јасно зошто луѓето сè почесто сакаат да го минуваат времето надвор и да бидат вклучени во некаква физичка активност.

Други експерименти на оваа тема покажуваат дека зеленилото го освежува и мозокот. Дури и самото гледање зеленило преку пенџере го намалува стресот и ја подобрува концентрацијата. Луѓе изложени на природни пејсажи имаат подобро внимание и концентрација отколку оние кои пред себе гледаат урбани контури.

 

Парковите предизвикуваат негативни чувства само доколку се запуштени и лошо се менаџираат кога кај луѓето асоцираат на темнина, несигурност и страв.

Градењето зелени мостови над автопатиштата, јавниот парк над историската железничка линија во Њујорк или пак користењето дури и на поплавите за зелени иницијативи во Малме се само некои од возбудливите идеи кои на оваа тема се реализираат во светот. 

18 јуни 2013 - 11:06