Суети што го допираат небото

Топ листата на најсуетните облакодери (највисоките згради на светот со најмногу простор кој не може да се искористи за ништо) беше објавен во годинешниот извештај на Советот за високи згради и урбани живеалишта.

 

Извештајот ги рангира облакодерите според тоа колкав дел од нив може да се искористи за живеење или канцеларија, и колку над тоа зградата е крената чисто заради суетност и бркање светски рекорди.

На прво место (по метри) е Бурџ Калифа, од кој цели 244 метри не можат да бидат искористени од луѓе. Ако се мери според вкупната површина, на прво место е Бурџ Ал Арабија на која 39% од вкупната висина не може да ја употребуваат луѓе.

Не само што ги има шампионите во двете категории, туку Емиратите се и нација со најголем број на вакви облакодери, а просекот на неискористеност на сите тамошни висококатници е 19%.

Истражувањето открива и дека најголемиот број од овие облакодери почнуваат да се градат по 1999-та.

6 септември 2013 - 10:08