Облакодерот што топи коли

Уште незавршен 160 метри високиот облакодер (ќе го пуштаат во 2014-та), луѓето што дадоа 200 милиони фунти за негова изградба сфатија дека отсјајот од стаклото на нивната зграда ги топи автомобилите паркирани во нејзина близина.

Полицијата го забрани паркирањето на локацијата од карши, која е најдиректно погодена од отсјајот

Прва жртва на облакодерот беше еден Јагуар, кој по два часа паркинг од карши, заврши со стопен ретровизор, дел од пластиките околу задното стакло и Јагуар значката.

"Одев по улица и видов фотограф како ми го фотографира автомобилот и го прашав: 'Што се случува?' Фотографот ме погледна и ме праша: 'Си го видел ли автомобилот?' Газдата нема да биде среќен. Му реков: 'Јас сум газдата. Ова е ужасно,'" објаснува Мартин Линдзи сопственикот на стопениот Јагуар.

Линдзи на шофершајбната нашoл белешка од компанијата што ја гради зградата на која пишувало: "Колата ти се стопи, ќе може ли да ни се јавиш?" Откако се чуле, изведувачот му се извинил на Линдзи и се согласил да му ја покрие штетата од 946 фунти.

3 септември 2013 - 11:44