Кина гради град без автомобили

Ќе се вика Грејт Сити и од нула ќе биде изграден на ледина. Во него треба да собира 80.000 луѓе, кои ќе можат секаде да стигнат пешки.

Новиот град ќе биде во близина на Ченгду (7,1 милион жители), ќе биде опколен со зеленило, кое ќе одзема 60% од површината на Грејт Сити. Оддалеченоста од центарот на градот, до парковите ќе биде околу 10 минути. До останатите градови жителите ќе можат да стигнат со јавен транспорт.

Градот ќе користи 48% помалку енергија и 58% помалку вода отколку сегашните градови со иста големина. Исто така ќе произведува 89% помалку отпад и 60% помалку јаглерод диоксид.

Најголемиот дел од населението ќе биде сместен во повеќекатници.

"Го направивме овој проект како густ вертикален град кој го препознава и го искористува околниот пејзаж - град чии жители ќе живеат во хармонија со природата, наместо против неа. Се што е вградено во околината на Грејт Сити се смета дека го подобрува квалитетот на животот и на неговите жители," порачуваат од Adrian Smith + Gordon Gill Architecture, компанијата која го дизајнираше новиот град.

11 ноември 2013 - 16:51