Швеѓаните ќе градат облакодер од дрво?

Нацијата што го малтретира светот со составување наткасни по дома, сега одлучи да направи цел облакодер чисто од дрво, без бетон и челик.

На проектот работат 3 архитектонски компании, кои направија нацрт за дрвен облакодер на 34-ката кој ќе биде "поевтин, полесен и поодржлив од челичните и бетонските конструкции."

"На градежништвото отпаѓа 30 до 40 проценти од производството на ЦО2 во светот, и ако видиш колку ЦО2 се произведува во производството на дрво, јасно е дека е многу подобро отколку челик или бетон," објаснуваат архитектите кои работат на протестот.

Дрвото и е поевтина алтернатива од железото и бетонот бидејќи е и поевтино за транспорт. Предноста на дрвото е и во тоа што добро влијае на внатрешната температура, а може и да биде изложено без да треба да се покрива со некаков вид на фасада.

Предвидено е сите носечки столбови да бидат направени од единични трупови дрво, додека ѕидовите, таваните и рамките на прозорците би биле направени од парчиња дрво.

 

20 јуни 2013 - 16:10