Куќата на Келвин Клајн

После 5 години градење и потрошени 75 милиони долари, вилата на дизајнерот Келвин Клајн сместена на имот од 40 илјади метри квадратни на самиот Атлантскиот океан е речиси готова.

Њујорк тајмс во своето викенд издание темелно ја анализираше куќата која е еден од најзборуваните објекти во Хемптонс.

Меѓу работите околу куќата и нејзината изградба го има ова:

- Клајн темелно ја реновирал старата куќа што ја купил заедно со имотот, за потоа да ја сруши до темел и да изгради сосема нова.

Старата куќа што беше реновирана па срушена

- Пред почетокот на изградбата, дизајнерот нарачал да му биде направена макета од иверка со реалната големина на идната куќа. Ова чинело 350.000 долари.

- Во периодот од 5 години сменил 3 архитекти.

- "Тој е таму шест дена во неделата, по неколку часови. Тој постојано зборува за куќата. Тој лично го проверил и одобрил секој елемент од ентериерот, дури и сам дизајнирал дел од мебелот кога ништо од понуденото за купување не било по според неговите стандарди за дизајн."

- Клајн секоја соба ја направил со стаклени лизгачки врати, "за во која просторија и да се наоѓа, да може да ја претвори во отворен простор."

- Гостинската куќа е поврзана со главниот дом преку подземен премин. На имотот ќе биде изграден уште еден објект кој ќе служи како кино сала.

4 септември 2013 - 12:11