Урбан

Официјално: Градските паркови нè прават среќни

Подолго време минато во природата на градските паркови го зголемува задоволството од сопствениот живот и не прави помалку агресивни и анксиозни. Можеби кон здравјето, чувството за безбедност, задоволителната работа и позитивните социјални односи треба да се додаде и пристапот кон природата како едно од делчињата од мозаикот на среќата на градските луѓе.

Аеродромот што стана пристаниште

По речиси 75-години служење како еден од главните аеродроми во градот, во 1998-ма се затвора Хонг Конг Интернешнл. Властите не само што решаваат да не го рушат, туку го чуваат една деценија и вложуваат еден тон пари во објектот.

Не си го продавај Кољо паркингот

Во една прилично напната аукција, жена од Бостон купила две паркинг места во едно од најпроблематичните места за паркирање во градот, по цена од - пола милион долари.

Планот на Њујорк од 20 милијарди долари за заштита од следната Сенди

Градоначалникот Блумберг го откри системот за подготовки за невреме и заштита од поплави, со кој градот ќе биде подготвен за невреме кое се случува еднаш во 500 години.

Најпеколниот кружен тек во светот?

Без да закачаме по полови, тука ние како нација не би влегле ниту со оклопна кола, што не значи дека жителите на Хо Ши Мин го немаат завладеано ова.

Урбаната шума со храна за секого

Како би изгледало шума која е составена од најразлични овошки, која е сместена во вашето маало и од која можете без никаков проблем слободно да влезете и да си наберете што сакате. Баш ова го имаат во Бикон фуд форест во Сиетл.

Архитектонските фантазии од Њујорк

Станицата Пенсилванија е најпрометната железничка станица во САД, која опслужува околу 300.000 патници дневно. Над неа се наоѓа Медисон Сквер Гарден. Станицата веќе работи со два пати поголем капацитет од предвиденото, салата е на добар пат да ја изгуби дозволата за поседување на земјиштето на кое е изградена. Сега бараат решенија.

Хотелот градина од приказните

Има 12 ката, соба чини 200 долари од вечер и наместо регуларниот коцкаст изглед, направен е како најфантастичната градина во светот.

Зошто зелените кровови не успеваат

Освен што треба да изгледаат убаво, целта на градините на крововите од зградите е да ја намалат потрошувачката на енергија и изливањето на вода од дождовите. Сега за сега, последните две не им успеваат.

Највисокиот облакодер ќе се произведува во кинеска фабрика

Во непрестајната борба меѓу САД, Азија и Арапите, за тоа кој ќе изгради повисока кула, последниот потег го направија Кинезите. Ќе произведуваат цел облакодер во фабрика, ќе го монтираат спрат по спрат и ќе биде највисокиот во свет.

Како да направиш супермаркет што сите ќе го сакаат

Супермаркетите и онака веќе се доведени до совршенство како лавиринти од кои треба без некаква намера да излезете претоварени со полни кеси. Она што му фали на секој супермаркет е да изгледа како место во кое луѓето сакаат да се наоѓаат.

Иднината на пакувањето

Од лекови кои "зреат" со текот на времето, до пикавци што ќе помогнат за раззеленување на светот, дизајнерите од Ideo се потрудија да ви расипат се што некогаш сте замислувале околу пакувањето.

Вело: Втора брзина

Благодарејќи на технолошкиот напредок, дизајнерите на велосипеди сега можат да користат материјали како дрво, бамбус, карбон-фајбер, па дури и картон, во создавањето на досега невидени форми. Некој напишал и книга за ова и во неа ги одбрал најубавите.

Неподносливата гнасотија на дишењето

Загадувањето од сообраќајот им штети на децата на начини што никогаш не сме ни можеле да ги замислиме.

Градовите се иднината на човековата еволуција

Пред 7.000 години луѓето почнуваат да живеат во урбани населби. Како што еволуирале луѓето низ милениумите, така еволуирале и градовите. Ова не е завршено, градовите ќе продолжат да еволуираат, само наместо кулите од стакло и челик, поверојатно е дека тие ќе наликуваат Мачу Пикчу.

Мебелот што сам се мести

Не е во прашање една од оние ИКЕА направи сам финти во која цел ден пребројуваш шрафчиња и бараш правилен шрафцигер, туку мебел направен од технологијата која се користи за вселенски антени.

Срушете ги семафорите за подобар сообраќај

Идејата доаѓа од Британија и звучи како план на стрип негативец кој сака да гледа како човештвото пропаѓа во хаос.

Што ќе им оставиме на археолозите?

Иако на прва некако е логично човек да помисли дека нашава цивилизација во најдобро сочувана состојба ќе ја преживее Нокиа 3310, еден јапонски уметник не се согласува со ова.

И тоа каков парк ќе добие Париз

Данската компанија БИГ беше избрана за изработка на проектот за комплекс составен од шопинг центар и место за одмор, на чиј покрив ќе биде сместен парк, и сето ова на површина од 80 хектари во реон меѓу двата аеродрома во Париз.

Последниот сон на Џобс од 5 милијарди долари

Последното појавување во јавност на Стив Џобс беше во советот на градот Купертино, за да ги престави плановите за изградба на новото седиште на Епл, во кое треба да бидат сместени 12-те илјади вработени и кое комплетно ќе го измени изгледот на плацот од 712.000 метри квадратни.

Тобоганот од 300 милиони евра

Кога ќе биде завршен следната година, апартманот на неколку спрата на врвот на висококатница во Монако ќе биде најскапиот апартман на светот.

Најголемиот зелен бран во светот

Лос Анџелес стана првата метропола во светот во кој сите семафори се синхронизирани. Се што им требаше беа 3 децении и 400 милиони долари.

Мексиканците ја имаат зградата што му треба на Скопје

Користејќи нов вид на фасада кој ги претвора хемикалиите од смогот во помалку токсични супстанци, Torre de Especialidades зградата во Мексико сити помага во уништување на смогот во градот.

10 работи што некогаш може ќе ги имате по дома

Во Њујорк минатата недела заврши Architectural Digest Home Design Show, саем за се од кујни и плакари до ѕидови кои ќе ве чинат цело богатство.