Sky City One (треба да биде изграден за 90 дена, и да издржува земјотреси до 9 степени) ќе биде однапред произведен во фабриките на Broad Sustainable Building (компанијата која за 15 дена изгради хотел по ист принцип) а потоа деловите ќе бидат споени на самата локација како Лего коцки.
Клучниот проблем тука е што токму ваквиот принцип на изработка прави блоковите кои треба да се монтираат да бидат премногу мали за комфор во зградата.
"Споредено со елегантните западни згради, овие облакодери се естетски не импресивни. На нашата турнеја низ T30, мојот водич гестикулирајќи кон големината на хотелот ми рече 'не изгледа многу добро, нели?' За да создадат доволно пространо лоби во хотелот, тие мораа да додадат чудна пирамидална структура во основата. Внатре ходниците се непријатно тесни, а качувањето по главните скали изгледа како качување на скали на трибина од стадион," раскажува Лорен Хилгерс во Вајард, за посетата на 30-катниот хотел изграден од BSB.
Слично чувство се очекува да има и кај Sky City One само што таму тоа ќе простира на 202 спрата. Плановите за облакодерот покажуваат дека максималната чиста ширина на секоја единица во зградата ќе биде само 3,9 метри. Секој простор поголем од ова ќе биде испресечен со челични столбови од кои ќе биде составена зградата. Самиот основач на BSB признава дека неговата зграда ја приоритизира ефикасноста пред комфорот.