Гугл, Адоуб, Пиксар, Интел и Епл, се дел од компаниите кои завршија пред суд заради тоа што целата измината деценија имале договор меѓусебно да не си крадат вработени и да не ги вработуваат поранешни вработени во некоја од компаниите.
Во финансискиот извештај за последниот квартал од Гугл објавуваат дека во пролетта 2013. треба да очекуваме "нешто големо" од Моторола. Иако никој ништо не спомена, главниот сомнеж на сите аналитичари е дека овие зборуваат за Гугл "X phone".
Најголемиот саем за потрошувачка електроника само што заврши во САД. Под потрошувачка електроника се подразбира се од телевизори и фотоапарати до часовници и "паметни" виљушки. Ова се некои од најдобрите нови примероци во некои од категориите.
Паметните телефони веќе ја заменија некогаш стандардната секојдневна опрема: часовник, нотес, вокмен а наголемо се работи да го заменат и новчаникот. Останува уште нешто во нашите џебови кое во иднина најверојатно нема да ни треба – клучевите.
Во Силициумската долина ограбен е Центарот за истражување и развој на Микрософт. Од целиот објект и од целата опрема украдени се само Ајпадите кои биле за тестирање.
Меѓу останатите гаџети кои се појавија на Саемот за потрошувачка електроника е и една електронска виљушка која најверојатно ќе ја прегоревме за празниците.
Нешто слично како што по телевизииве врие од најразлични експерти на секакви теми, така и на Твитер над 180 илјади корисници себе се опишуваат како: ветерани, господари, воини, евангелисти и слични форми на експерти на тема Твитер.
Тоа што ГПС-от е сеприсутен не значи и дека е перфектен, има проблеми во затворени простории, бетонски згради и општо во големи градови. Ви го претставуваме Locata, технологијата што ќе го замени ГПС-от.
Во блог пост за одјавување од 2012-та, Инстаграм објави список на "историските настани што ја дефинираа оваа година," барем кога се во прашање фотографиите од нивниот сервис.
Не е список на се, туку на неколку важни технологии во 2012-та. Нема најдобар таблет или дигитален фотоапарат или мобилен, туку технологија која изненадила во минатава година, технологија која веќе е "стара фора" и технологија која веќе е глупо да се користи.
Најновиот таблет на пазарот чини 400 долари, не работи со ниту една продавница за апликации, со помал екран е од најголемиот број на таблет уреди, има само 8 гига меморија - и се продава како лудо. Зошто? Затоа е дизајниран да служи само како готвач со рецепти.
Гугл ги впрегна инженерите на Моторола (која ја купи во мај годинава) на создавање на нов, софистициран смартфон, кој ќе биде директна конкуренција на Ајфон и Самсунг. Проектот има скроз Бонд име - "X phone."
Компанијата е основана пред само 3 години, вие немате чуено за нејзе, вреди 4 милијарди долари и фановите во Кина ја сакаат доволно за да бегаат од часови и работа за да го купат најновиот производ на денот на премиерата.
Самсунг стана најголемиот производител на мобилни во светот (поголем и од Нокиа), стигнувајќи од нула до пазарна доминација за помалку од 3 години. Не е случајно.
Епл: Самсунг, да платите тоа што изгубивте на суд. Самсунг: она чиповите што ви ги правиме за Ајфон, само што станаа 20% поскапи. Некои судски трошоци имаме.
Неполн месец откако се појави конечната верзија на Виндоус 8, и исто толку време по измешаните и не така благонаклони рецензии, главниот архитект на новиот оперативен систем, Стивен Синофски, го напушти Микрософт.
Микрософт одлучи дека е време да се збогува со Месинџер сервисот на Виндоус, но сепак ќе ги задржи над 100-те милиони корисници. Сега, сите се обединуваат во Скајп.
Вака стојат работите, ако имате некој од пасвордите што се на листава сами си го барате. И многу е веројатно дека до сега само мислите дека никој не ви го открил пасвордот.
Т3 магазинот ги прогласи своите шампиони во технологијата за 2012-та. Категориите се движат од телевизор и фото-апарат на годината, до телефон, компјутер и се помеѓу. Многу Андроид и персонални компјутери, плус нешто малку Ајфон.