За ваквиот потег тајванската Комисија за фер трговија го казни Самсунг со 340.000 долари, а помали казни добија и двете маркетинг агенции кои ја спровеле целата операција.
Моментално Самсунг е и под истрага дека им плаќал на Андроид програмери да ги споменуваат позитивните иницијативи на компанијата.
Она што е нејасно е зошто Самсунг почувствувал дека е потребно да го напаѓа ХТЦ, кога брендот и онака е во крајно незавидна положба.
Целата работа беше откриена пролетоска, кога сајтот TaiwanSamsungLeaks објави докази дека луѓе на двете маркетинг агенции објавувале коментари во кои во исто време го напаѓаат ХТЦ и го величаат Самсунг.