Сони слично мина и со Плејстејшн 3, кога производството на првите модели чинеше 805 долари, а конзолата се продаваше за 599 долари. Со тек на време падна цената на производство, ама и Сони ја намали цената на конзолите, па кон крајот на 2009-та, 3-та се продаваше за 299 долари, а производството и чинеше 336 долари.
Најголем дел од сумата во производството на 4-та се плаќа за невообичаено големиот процесор изработен од АМД (350 милиметри квадратни), кој чини околу 100 долари. На ова треба да се додаде цената од 88 долари за 16-те поединечни мемориски чипови. Освен цената, еден од проблемите со големите чипови е што кај нив постои поголема веројатност да имаат фабрички дефект.
По чиповите, останатите делови во ПС4 се релативно вообичаени. Хард-дискот е од Seagate и чини 37 долари, а чипот за вајрлес и оптичкиот драјв чинат околу 28 долари. Производството на џојстикот е околу 18 долари.
Дизјанерите од студиото Teague (кои го дизајнираа оригиналниот ИксБокс, џојстикот и уште неколку елементи) во рецензијата на Плејстејшн 4 беа воодушевени од дизајнот на новата конзола и вниманието посветено на деталите, како и тоа како се решени УСБ портовите, копчињата и светлото на конзолата, кое повеќе не е со ЛЕД диоди.
Ним им се допаѓа и тоа како работи новиот џојстик и колку е подобрен во однос на претходните, меѓутоа тие имаат забелешка во однос на неговиот дизајн, посебно тоа колку е екстремна разликата меѓу неговиот изглед и дизајнот на конзолата.