Месецов Сони објави дека од премиерата во ноември до сега веќе има продадено 10 милиони Плејстејшн 4 конзоли. Деновиве првиот човек на Сони за конзолата во интервју призна дека не знаат зошто толку добро им оди со продажбата. И тоа по јапонски стандарди е знак за проблем.
Моментално индустријата на видео игри е поголема отколку Холивуд, и иако игрите на мобилни телефони се ултра популарни, господарите на оваа индустрија се конзолите за видео игри, а тука Плејстејшн повторно стана главен.
Производството на Плејстејшн 4, делови + составување, чини 381 долар, што е 18 долари помалку од продажната цена на конзолата. Плус рецензија на 4-та од дизајнерското студио зад Иксбокс.
Директорот на Сони Компјутер Ентертејмент, Ендру Хаус, во Њујорк ја најави најновата генерација на Плејстејшн. Последната верзија на конзолата Плејстешн 3, е од 2005.