За 4-та, Сони претстави и нов "dualshock" џоистик, кој меѓу другите работи сега има и сензор за допир. Контролерот ќе има и копче за споделување, со чија помош инстантно ќе може да споделите скриншот или видео од вашата игра.
Новата конзола ќе има вграден хард диск од 8 гигабајти и нов графички процесор, кој ќе биде изработен од АМД. За Плејстешн 3, процесорот беше од nVidia. Во оваа верзија ликовите ќе имаат 30.000 полигони. За споредба двојката имаше 350 полигони, тројката имаше 1.500 полигони.
Една од главните новини кај четворката е поврзаноста и социјалниот дел. Корисниците на новата конзола ќе можат постојано меѓу себе да комуницираат без разлика која игра ја играат. Воведена е и опцијата за публика, која на корисниците ќе им дозволи да гледаат други играчи како играат некоја игра и да учат од тоа. Друга новина е и можноста за "remote gaming" со која корисникот ќе може да ја превземе контролата на џоистикот на друг корисник (без разлика на која точка од планетава се наоѓаат) и да ја заврши играта или да мине некое ниво наместо него.
Една од лошите вести е што игрите за Плејстешн 3, нема да бидат "нативно" компатибилни на четворката, меѓутоа од Сони се надеваат дека и тоа ќе го решат во скоро време.
Првиот човек на Guerilla Games најави ново продолжение на една од најпопуларните игри за Плејстејшн - Killzone: Shadowfall.
Меѓу новите игри за новата конзола беше најавена и Driveclub, револуционерна игра со автомобилски трки во која клубови низ цел свет ќе можат да се натпреваруваат меѓу себе, а Близард ја најави Дијабло 3 за новиот Плејстејшн.
На презентацијата не беше објавена ниту една конечна фотографија од Плејстејшн 4. Едно од објаснувањата за ова е дека од Сони се брзаат да ја промовираат новата конзола пред Микрософт да ја претстави новата генерација на Икс-Бокс. Плејстејшн 4 се очекува да биде во продажба за "празниците 2013."