Ваков пад на вредноста се случува кога компанија ќе објави дека направила лоши процени за иднината или кога нивните бројки не се согласуваат со очекувањата на аналитичарите од Вол Стрит. Она што Епл го објави пред да им паднат акциите е дека за последните три месеци продале рекорден број на Ајфони (51 милион) и рекорден број на Ајпадови (26 милиони), и дека очекуваат големите профити и продажби да продолжат и во иднина.
"За време на првата декада од новиот век, Епл се трансформираше од компанија која го создаде уредот што ја трансформираше музичката индустрија, во компанија која создаде уред кој ги трансформираше сите индустрии. И растот на нивните приходи одговараше на овој тренд. Како што Ајфонот се претвори од статусен симбол во универзална алатка во мобилното доба, така почна да расте и продажбата. Кога беше претставен Ајпадот, Епл постигна неверојатен раст, поставувајќи стандарди кои речиси е невозможно да се постигнат како што созрева пазарот за смартфони и таблет уреди. Иако Ајфонот и Ајпадот и понатаму поставуваат рекорди во продажба, севкупниот раст на компанијата е рамен, а минатиот квартал продажбата на Ајфон за време на празниците беше под очекувањата за околу 5 до 6 милиони парчиња. Бројките на Епл покажуваат здрава конзистентност меѓутоа не и капацитет за постигнување на нови нивоа," пишува Маркус Волсен за Вајард.
Во својот текст Волсен заклучува дека бројките на Епл се станати толку големи, што тие не ни можат да бидат поголеми. Од друга страна, мнозинството луѓе во светот се уште не поседуваат смартфон, па Епл треба да размисли за ова.