Основниот софтвер за Андроид е комплетно бесплатен, меѓутоа во основен софтвер не влегува мобилните сервиси на Гугл како Мапи, Гмаил и Гугл Плеј продавницата, која им дозволува на корисниците да симнуваат апликации за телефонот. Без ова, секој Андроид телефон има минимална функционалност.
За да ги добие овие сервиси, на секој производител на Андроид му е потребна Google Mobile Services (GMS) лиценца. Оваа лиценца Гугл ја наплаќа за секој уред. Според информациите на Гардијан, компанија која сака да продаде 100.000 Андроид таблет уреди, треба да плати лиценца од 75.000 долари. Во одбрана на Гугл, истата лиценца што Микрософт ја наплаќа за Виндоус телефоните е 15 долари.
Се проценува дека Гугл активира околу еден милион GMS лиценци на ден, што на квартално ниво му носи приходи од околу 100 милиони долари. Иако ова не се големи пари, Гугл намерно ги крие бројките за тоа што не сака "да ја наруши слободен софтвер кармата на Андроид." Иако лиценцата е задолжителна производителите можат и на диво да го инсталираат GMS пакетот, меѓутоа ова е пракса само кај помалите производители, на кои Гугл им прогледува низ прсти.
Забелешката во однос на "слободен софтвер" е дека иако Андроидот може бесплатно да се симне од интернет, тој не е како останатите слободен софтвер проекти (Линукс, PHP...). За разлика од овие проекти кои потикнуваат учество на надворени соработници, на развојот на Анроид можат да работат само вработените во Гугл.