Компанијата што ги прави најскапите мобилни телефони

Верту е одговорот на Нокиа на прашањето - што ако можам да правам мобилен телефон без да се грижам за пари? По 14 години работа, во 2012-та Нокиа го продава Верту. Новиот сопственик го префрла на Андроид, ама и понатаму најевтиниот телефон им чини 4.900 евра.

Верту е започнат како телефон при чија изработка никој не се грижи за буџетот, туку најважно е да биде направен од најдобрите материјали и во најскапиот производствен процес. Ваквиот став со тек на време го претвора Верту во симбол на богатството.

Минатата година приватни инвеститори го купуваат Верту од Нокиа, и веднаш го префрлаат на Андроид. Во моментот тој е најексклузивниот Андроид производител во светот и тука завршуваат сите промени. Процесот на изработка на Верту не се менува, ниту пак цената на материјалите кои ги користат.

Моментално најевтиниот Верту мобилен телефон се продава за 4.900 евра.

Седиштето на Верту е поделено на две половини: во десниот дел се администрацијата и дизајнерите, во левиот се производство и транспорт. Од самата рецепција може да се видат инженерите на Верту како го составуваат телефоните.

 

Низ целата зграда освен логоа и брендинг, има и вакви инспиративни цитати.

 

Во просториите во кои сафирното стакло се лепи на екраните од мобилните, загаденоста со честички е на исто ниво како и во сала за операции.

 

Горниот спрат е за администрацијата и набавките, додека на долниот се склопувањето на телефони, тестирањето и пакувањето. Сефот во кој се чуваат скапоцените материјали што ги красат Верту телефоните (сафири, дијаманти) има врата дебела 25 сантиметри направена од 15 различни материјали, засилена со комплет на челични шипки.

 

Во Верту нема производна лента. Секој вработен е одговорен за составување на телефонот од почеток до крај, и на секој уред пред завршување се гравира потписот на човекот што го направил. Понекогаш купувачите инсистираат нивните телефони да бидат направени од одреден вработен.

 

 

Ако нешто може да биде направено рачно наместо машински Верту секогаш ја избираат човечката верзија.

 

Дел од малите компоненти кои се прават по нарачка за секој Верту дизајн.

 

И покрај инсистирањето дел од производството мора да биде сериско.

 

 

"Фабриката за Верту повеќе изгледа како преголема работилница, во која секој вработен има своја работна маса и арсенал на алатки."

 

Куалком е главниот снабдувач со чипови за Constellation моделот на Верту.

 

Кога телефонот ќе биде завршен тој минува серија машински тестови за да се осигури дека се' функционира правилно. По ова следува рачна проверка.

 

Par Excellence шкафовите содржат перфектни примероци на секоја компонента и телефон што Верту ги произведува. Тие се користат како референца за да се осигури дека компанијата одржува исто ниво на квалитет.

 

 

 

Тренингот за техничари во Верту може да трае од три месеци до една година. И после ова за секој чекор што треба да го направиш има упатство кое те води низ процесот.

 

 

Пред да биде спакуван, Верту телефонот минува инспекција и уште едно полирање. "Последното нешто што ние го гледаме е првото нешто што купувачот ќе го види."

 

 

Сегашната понуда на телефони од Верту (од лево кон десно): 2008 Signature, кој се уште е најскапиот и најексклузивен телефон на компанијата; 2013 Vertu Ti првиот Андроид на компанијата; и најновиот модел Constellation, за кој од компанијата признаваат дека намерно е направен "поконформистички." Цените за почетните модели од овие телефони започнуваат од 9.000 евра за Signature, 7.900 евра за Ti, и 4.900 евра за Constellation.

 

Најголемиот дел од екстравагантните дизајни се правени по барање на купувачот.

 

 

Како свои предности Верту го нагласува тоа што има: неспоредлив сервис и поддршка за корисници, рачно изработени уреди и ексклузивни материјали. Конкретниот модел е направен од алигаторска кожа и циркониум.

извор: The Verge

3 декември 2013 - 20:13