Проектот е резултат на 30-годишно истражување и процес на дизајнирање, и до сега чини 43 милиони долари. Тој е креација на морскиот архитект Жак Ружери, на кој му помагаат Жан-Мишел Кусто и поранешниот шеф на НАСА Даниел Голдин. Првото патување на бродот ќе започне во Монако.
"SeaOrbiter е синтеза на се што досега можевме да направиме на море: тоа во исто време е животна средина и лансирна точка за подморничко истражување и испитување. Ова нема да ги замени океанографските бродови или испитувачките подморници. Туку ова е уште еден начин да се истражи и подобро да се разбере подводниот универзум, и да се овозможи човечки живот под вода на 24-часовна основа за долги временски периоди," објаснува Жак Ружери.
SeaOrbiter ќе се движи во правец со морските струи, а ќе зависи од обновлива енергија од сонцето, брановите и ветерот. Луѓето кои ќе учествуваат на мисиите со SeaOrbiter ќе треба да имаат иста физичка подготвеност како и космонаутите.
Почетокот на изградбата треба да започне во Франција во пролетта 2014-та. Ако се' е во ред, изградбата ќе заврши кон крајот на 2015-та, а првата мисија се планира за пролетта 2016-та.