Таблетот чини 180 евра, работи на Андроид и доаѓа со 488 апликации, меѓу кои Енгри Бидс, Микрософт Офис пакет, ПДФ читач, мп3 плеер, енциклопедии, речници и е-книги со револуционерна литература.
Уредот не може да се закачи на светскиот интернет, ама може да се врзе на северно-корејскиот интранет, плус како ретко кој таблет има и антена за аналогна телевизија.
"Во однос на респонсивност и брзина, тој може да се натпреварува со водечките таблет компјутери. Стартувањето на апликации е прилично течно, а стартувањето на камерата е брза како и кај водечките таблет компјутери и нема некое значително заостанување кога играм игри што претходно ги имам играно, како Angry Birds," објаснува Рудигер Франк, професор на Универзитетот во Виена, кој е редовен патник во Северна Кореја и направи рецензија од 16 страници за новиот таблет.
Техничките спецификации му се:
- Андроид оперативен систем
- 7-инчен монитор
- резолуција 800 х 480
- 2-мегапиксели камера
- 1 ГБ рам меморија
- 4 ГБ внатрешна меморија
- 1,2 гигахерци процесор