На пример основната верзија на Ајфон 5С (16 ГБ) во Индија се продава за 841 долари, споредено со САД каде што е 649 долари, додека за најскапата верзија Индијците плаќаат 257 долари повеќе отколку во САД. Телефонот во земјата беше распродаден во првите 24 часа (за ова помогна и тоа што имаше само 6.000 телефони на располагање за цела Индија).
Анализата на еден индиски новинар за технологија покажа дека пред 3 години најскапите смартфони во земјата чинеле 30.000 рупии, Ајфон 4С ја пробива границата од 40.000 рупии, а веќе минатата година најскапите модели се продаваат за над 50.000 рупии. Сега 5С стига до границата од 70.000 рупии. За споредба Гугл Нексус 5 се продава за 28.000.
Според новинарот Раџев Макни, математиката зад телефоните е сосема поразлична, отколку што изгледа на прва. Се работи за разработена шема во која се почнува со смешно висока бројка и потоа таа се намалува како што опаѓа побарувачката. Дури и Епл кој за да го задржи имиџот не ја намалува цената има цела стратегија како да ги направи своите производи достапни без да изгледа така.
"Новата мантра за секоја компанија е да објави телефон со цена од околу 50.000, чија улична цена е многу пониска, и потоа таа цена драстично да почне да ја намалува во следните недели. Повторно, единствената компанија која не го следи ова правило е нашиот пријател Епл. Цените остануваат стабилни се додека продуктот е главната понуда на компанијата. Ова се промени минатата година кога Епл започна со агресивни кампањи за замена на Ајфони и други механизми камуфлирани за да не изгледаат како попуст," пишува Макни.