Со ова Ракутен ќе ги спои своите 200 милиони корисници со 300-те милиони корисници на Вибер низ целиот свет. Ракутен во своето портфолио веќе има е-читачи, финансиски сервиси и бејзбол тим.
Компанијата одлучила да ја плати сумата од 3 долари по корисник, пред се заради големиот потенцијал што го има Вибер, посебно во земји како Бразил, Русија и Виетнам. Се очекува дека со тек на време Јапонците ќе ги претворат корисниците на Вибер во членови на Ракутен, и дека тие ќе можат да отворат сметка во онлајн продавницата со телефонскиот број од Вибер.
Ракутен годишно има приходи од околу 5,1 милијарда долари, а главен бизнис е онлајн трговски центар со десетици илјади трговци и околу 90 милиони членови (во Јапонија). Освен ова има и веб сервис за патување и интернет банка. Истата компанија во 2012-та купи сериозен удел во Пинтерест.