Самиот модел на работа на Нетфликс правеше да им биде нејасно на кабелските компании дали тој е конкуренција на телевизијата или само се надоврзува на неа.
И покрај тоа што многумина се надеваа дека домаќинствата ќе почнат "да ги сечат каблите" и да користат сервиси како Нетфликс, сепак реалноста е дека луѓето наместо тоа почнаа само да го додаваат Нетфликс како дополнителен сервис на постојната кабелска телевизија.
За сега Нетфликс има 30 милиони претплатници, Хулу Плус има 4 милиони, а Амазон Прајм уште неколку милиони. Сепак целиот овој раст не доаѓа на сметка на кабелските компании, кои и понатаму бележат раст на бројот на претплатници.
Самата соработка на Нетфликс со кабелските изгледа сосема логично, бидејќи во последните анкети околу 100 милиони домаќинства го сметаат Нетфликс за добро дополнување на постојната програма.