Facebook turned me down. It was a great opportunity to connect with some fantastic people. Looking forward to life's next adventure.
— Brian Acton (@brianacton) August 3, 2009
Тоа е твитот на Брајан Ектон откако ја изгубил работата во Јаху и пробал да се пикне во компанија како Фејсбук, а подоцна и Твитер.
Не успеал па решил да се поврзе со други луѓе и да направи нешто свое.
Тоа свое штотуку е купено од Фејсбук за 19 милијарди долари. Се вика WhatsApp, масовно користена апликација за праќање пораки која ја води фирма со не повеќе од 50 луѓе.
Фејсбук го купи Инстаграм за една милијарда. Леново ја купи Моторола за неполни три.
19 милијарди долари се
* 4 пати повеќе од вкупната пазарана вредност на Блекбери
* Третина од вкупната пазарна вредност на Форд
* 10 проценти повеќе од вкупната вредност на Сони
* Две нуклеарни подморници
* 76.000 патување во вселената со Вирџин Галактик
Зошто Фејсбук фрсна толку пари на апликација која се симнува бесплатно и по една година ви бара паушал од помалку од долар? Што значи дека и сите корисници да платат, таа нема да направи повеќе од 450 милиони долари годишно?
Затоа што му се може. И затоа што сака да ја покрие планетата со своја комуникациска мрежа. И зошто Whatsup e силен во региони на светот во кои Фејсбук е слаб. И заради други работи.