Свет

Џихадистите со ВИ регрутираат терористи во Британија

Терористичките групи Исламска држава и Ал каеда го користат хаосот во Сирија за да се вратат на позициите од кои беа протерани. Во исто време ја користат новата технологија за да привлекуваат нови регрути од Британија и да поттикнуваат терористички напади. Бројот на млади Британци заведени од пропагандата во изминатата година се зголемил за една третина.

Иран прска облаци и се моли да заврне

Соочени со најкатастрофалната суша во изминатите пет децении, Иранците се обидуваат да обезбедат вода за Техеран, кој како знае и умее. Оние блиски до науката прскаат хемикалии во воздухот за да заврне. Верниците се молат по џамиите и тврдат дека сушата е божја казна за „развратот“. Претседателот бара евакуација на милиони луѓе од Техеран. Ама нема каде.

Корупцијата ја дотепува Украина

Огромен енергетски скандал ја тресе Украина на прагот на зимата, кога Русите засилено ја гаѓаат инфраструктурата. Се работи за огромни суми што дополнително го урнисува моралот во воениот и во цивилниот сектор на земјата. И сојузниците губат трпение па пробуваат да го освестат Зеленски порачувајќи му: Заради вакви работи ќе ја изгубите војната. 

Гугл не се откажува од монополот за рекламирање

Казната од речиси 3 милијарди евра од Брисел не го уплаши Гугл за да се откаже од контрола на алатките со кои го диктира онлајн-рекламирањето во Европа. За да остане на европскиот пазар, понуди ситни корекции во политиката со кои наводно повеќе нема да биде монопол. Но, веќе е соочен со нова истрага - дека манипулира со видливоста на извештаи што содржат реклами.

ЦИА крие врски со биоинженер што развивал вируси во Вухан

Речиси шест години по пандемијата на ковид сè уште не се знае како се проширил вирусот од Вухан. Сенаторот Ренд Пол тврди дека ЦИА со години одржувала контакти со биоинженер близок до кинескиот институт за вирусологија, кој предупредил дека вирусот најверојатно се проширил од лабораторија. ЦИА два пати си го промени ставот за вирусот и ги крие врските со вирусологот.

Јапонците не можат око да склопат од работливата премиерка

Новата јапонска премиерка спие по два часа на ден, најмногу четири за ѝ остане повеќе време за работа. Очекува сите во владата да работат „како коњи“. Неодамна ги шокирала најблиските соработници кога им закажала состанок во 3 часот по полноќ. Ете зошто во Јапонија се намалува наталитетот, а се зголемува бројот на смртни случаи од исцрпеност на работните места.

Трамп го шири во Европа фронтот против Антифа

Администрацијата на Трамп ја проширува и во Европа својата војна против глобалната мрежа на Антифа и екстремните левичарски групи. Четири радикални организации во Германија, Италија и во Грција ќе бидат прогласени за странски терористички групи затоа што „со своите брутални напади ги поткопуваат темелите на западната цивилизација“. 

Њујоршките милијардери на баци рака кај Мамдани

Првиот муслимански градоначалник на Њујорк, во трката не се соочуваше само со обвинувања дека е комуњара, антисемит и некој што ќе воведе шеријатско право, туку против себе ja имаше и моќната кохорта милионери и милијардери од градот кои покажаа ретка класна солидарност истурајќи десетици милиони долари за тој да изгуби. А после, тој победи. 

Епстин го кодошел Трамп кај светски лидери

Сексуалниот злотвор Џефри Епстин имал глобална мрежа на контакти за политички влијанија, покажуваат илјадниците документи објавени од демократски конгресмени. На пример, на Кремљ му нудел детали за „разбирање“ на Трамп. Ќе забележат ли демократите дека со најновата афера за Трамп всушност го амнестираат од нивната претходна голема афера за наводната руска врска?

Германски банки ѝ затвораат сметки на АфД

Германски банки без никакво објаснување, повикувајќи се на „банкарска тајност“ ги затвораат сметките на Алтернатива за Германија, најголемата опозициска партија во земјата. Лидерите на АфД тврдат дека се жртви на финансиско оружје што се користи за политички отстрел на сите што се противат на нелегалната имиграција и се борат за одбрана на традиционалните вредности.

САД имаат дебела причина да не даваат визи

Татковината на една од најдебелите нации во светот планира да не им дава визи на дебели странци. Некој во Вашингтон заклучил дека нивните дебели веќе го преоптовариле здравствениот систем, па уште странци им требаат. Заострен е критериумот за апликанти за визи со разни други болести, а пензионерите ќе мора да докажат дека самите ќе можат да се издржуваат.

Брисел се откажува од заштитата на приватноста на податоците

Европската комисија тајно спроведува темелна реформа на својата регулатива за заштита на податоци, загрозувајќи го фундаменталното право на приватност на граѓаните. Ја укинува заштитата на корисниците со псевдоними, дозволува користење чувствителни информации за хранење на ВИ и овозможува пристап до податоци од телефони без согласност од корисниците.

Од „слуга на народот“ до воен профитер

Близок соработник на Зеленски е обвинет дека управувал со корупциска шема со која на енергетскиот систем му направила штета од 100 милиони долари во време на војна, кога Украина нема струја. Истрагата ја спроведоа антикорупциските агенции што Зеленски во јули настојуваше да ги стави под своја контрола, но се откажа по масовните протести низ земјата.

Истрага за странските „викенд-снајперисти“ во опколено Сараево

Обвинителите во Милано отворија истрага за богати Италијанци кои плаќале големи суми пари за да учествуваат во масакрот на жителите на опколено Сараево за време на војната. Војската на босанските Срби ги распоредувала „снајперските туристи“ на ридовите околу градот и им давала оружје за да пукаат во сараевчани. Немале политички мотиви. Убивале од задоволство.

Украинската саботажа ја распарчи Европа

Германски истражители по темелна истрага обезбедиле цврсти докази кој стои зад разнесувањето на цевководите Северен тек на дното на Балтичко Море - елитна украинска воена единица под директен надзор на поранешниот врховен командант, генералот Залужни. Судската разврска може да ги разгори политичките тензии во Берлин и да ја ослаби европската поддршка за Киев.

ЕУ формира своја ЦИА

Откако неспремна навлезе во нова Студена војна, ЕУ планира да формира сопствена централна разузнавачка агенција. Но, малку е веројатно дека сомничавите Французи или Германци ќе се согласат да споделуваат шпиони и чувствителни информации со Центарот во Брисел, кој би бил под директно раководство на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Ал каеда во Овалната соба

Абу Мохамад ал Џулани беше командант од Ал каеда, која ги спроведе терористичките напади врз САД на 11 септември. Истиот тој, иако со друго име и стокмен во костум, вчера со почести беше примен во Овалната соба и вети дека ќе им биде сојузник на САД во борбата против тероризмот. Оваа трансформација мора да има своја цена.

ББЦ ќе учи да биде непристрасна

Оставките на директорот и главната уредничка се првиот чекор на ББЦ во тешкиот процес повторно да ја освои довербата од јавноста, која ја изгуби со долгогодишното пристрасно известување и криење на одговорноста. Најави ревизии на своите политики на ширење лаги за климатските промени и за војната во Газа. Инаку, зошто некој би плаќал лиценца од 180 фунти?

Санчез: Европа не смее да биде вооружена до заби

Шпанскиот премиер Педро Санчез цврсто ја брани својата одлука да се спротивстави на зголемувањето на трошоците за одбрана 5% од БДП, како што американскиот претседател Доналд Трамп побара од сите членки на НАТО. Санчез е убеден дека иднината на Европа не треба да се базира на милитаризација, туку на единство и почитување на меѓународното право.

САД ја престигнаа Кина со инвестиции во Африка

Во битката за пристап до ретки минерали за новите технологии, САД тивко ја престигнаа Кина како најголем странски директен инвеститор во Африка, првпат по повеќе од една деценија. САД во 2023 година вложиле 7,8 милијарди долари низ Африка, а Кина 4 милијарди. Конкуренцијата се зголемува. За африканското богатство се заинтересирани и Бразил, Индија и Јапонија.

И Израел има свои тунели за заробеници

Слично на нехуманите услови во кои Хамас ги чуваше грабнатите Израелци, и Израел држи десетици Палестинци од Газа изолирани во подземен затвор каде што никогаш не гледаат дневна светлина, лишени се од медицинска нега и здрава храна и не добиваат вести за своите семејства или за надворешниот свет, тврдат адвокати на двајца притворени цивили. 

Европското технолошко чудо Естонија

Поранешната советска република Естонија технолошки престигна многу од нејзините партнери во новото европско семејство. Ја демонтираше гломазната бирократска структура, целосно ја префрли онлајн и ја направи поштедлива за буџетот и поефикасна за граѓаните. Естонија денес е дом на стартапи, луѓето гласаат од мобилен телефон, а учениците се охрабрени да користат ВИ. 

Во пасош само факти: пол при раѓање, а не по избор

Врховниот суд на САД ја одобри одлуката на администрацијата на Трамп во пасошите на Американците да биде означен нивниот биолошки пол при раѓањето. Трансродовите или оние што се претставуваат како небинарни, нема да можат по сопствена желба да ја избираат ознаката за пол во документот. „Полот при раѓање е факт, исто како и земјата на раѓање“, пресуди Судот.

Се растопи зелената агенда на ЕУ

Европската Унија одлета на глобалниот климатски самит во Бразил со разводнети климатски цели. Тоа сведочи за голем пресврт во политичкиот моментум. Големиот зелен план што го најави Урсула фон дер Лејен сè уште е на сила, но по половина деценија доминација на Зелените во климатската политика, агендата сега е во рацете на многу поскептична група земји.