За прв пат во 22 години, американски претседател забрани странска компанија да купи американски бизнис на територијата на САД. И сето ова нема никаква врска со бизнис, и има секаква врска со дроновите на американската армија.
Речиси сите британски медиуми, кои професионално, кои со потсмев, ја пренесоа веста за тоа дека човекот што земал најголема плата во Британија во 2011-та, го платил целиот данок на приход до последна фунта. Цели 34 милиони фунти.
Иако во Грција во изминатите неколку месеци генерално и да не престанаа протестите, последните немири сериозно ја раздрмаа земја. Сепак, периодов не се само Грците немирни околу плановите за кратење на пари и штедење.
Човекот што дозволи земјоделците во Северна Кореја да зачувуваат дел од производите, кој отвори и забавен парк во земјата, како продолжение на реформите го отвори и првиот фитнес клуб во земјата.
Едни го сметаат за "исламизирање" на градот, други го сметаат за доказ за неуспехот на државата да се справи со социјалните проблеми, за Катарците сето ова е поевтино отколку што "заглавија" во ПСЖ.
На прашањето - кој бренд е твојот кандидат - Обама и Ромни за гласачите се слични само на тема - десерт, за другото демократскиот кандидат е обичен човек, а републиканскиот не може да се ослободи од имиџот на богаташ.
Во иднина секој жител на Финска на интернет ќе може да предложи закон и доколку се исполнат одредени услови финскиот парламент ќе мора да го разгледа предлогот.
Привлечени од идејата за дефицит на Ајфон, светските медиуми инстантно објавија за немирите кои вчера започнаа во Фокскон. Она за што не објавија е дека вчера во Кина имаше уште 100-на други такви немири.
Моментално на луѓето од Епл не им е најголем мерак тоа што тие се најбогатата компанија на светот, туку тоа што во рок од 1 година нивната вредност може да достигне 1.000 милијарди долари.
Ако на почетокот на својата кариера како владетел на Русија, Путин имаше мака со чеченски муџахедини, во последниве неколку месеци не е раат од проблеми со опозициски жени. Најновата е руската Парис Хилтон - Ксенија Собчак.
На 6 недели пред изборите 60% од латино гласачите се за Обама, а 30 за Ромни, проблем што републиканскиот кандидат одлучи да го решава со гостување на еден од најпопуларните латино канали. Уште толку ја упрска работата.
Пред точно една година почнаа да се подигнуваат првите шатори на движењето кое го сврте вниманието на целата американска и светска јавност a во домашната политичка дебата повторно ги воведе темите за сиромаштијата и класната нееднаквост. Што прават денес некои од ликовите кои беа симболи на Отпорот?
Грција објави дека ќе започне со продажба на сите луксузи без кои може да преживее, а бидејќи се во криза излезе дека без многу работи можат да преживеат.
За време на изборите, директни противкандидати на Обама на гласачките ливчиња ќе му бидат Рамбо, Волверин и Дедо Мраз. Ова, за време на изборите во Бразил.
Најмногу заради џандари и средување - што судски, што вонсудски - на нивните бељи, Њујорк годинава ќе потроши 735 милиони долари за исплата на илјадници отштети на своите граѓани.
Од целата лоша карма што може да те снајде затоа што гледаш детско порно, веројатно веднаш зад затворската казна, на второ место е да ги отпечатиш сликите на принтерот на работа, и друг да ги најде.
Говорот на Мит Ромни на републиканската конвенција и не воодушеви премногу народ (надвор од конвенцијата), за неколку недели подоцна да се открие дека причина за тоа е што - говорот бил напишан во последен момент.