На почетокот од февруари, на нешто околу еден месец пред втората годишнина од несреќата рибниот пазар во градот Ишиномаки доби пратка во која имало златни шипки со вкупна тежина од 2 килограма. Пратката пристигнала во канцелариите на претседателот на рибниот пазар.
"Имаше две плочки 24-каратно злато. Не мора да откриеме кој ни го пратил, ама сакаме да знае дека сме му благодарни. Ако е можно би сакале да го поканиме него или неа на отворањето на новиот пазар (закажано за почетокот на 2015)."
Слични пратки добиле уште неколку други организации од областа. Вкупната тежина на сите пратки е околу 6 килограми. Единствено се знае дека пратките се испратени од Нагано, а во нив освен златото имало само едно ливче на кое пишувало "помош". Ракописот на сите пратки бил идентичен.
Во цунамито загинаа околу 19.000 луѓе од кои 3.000 беа од Ишиномаки.