Смирување на мајки што не сакаат да се смират

Мајка на 4 деца завршува на земја откако човек од обезбедувањето на еден трговски центар ја застрелува со електричен пиштол. Ај сега да се вратиме назад на почетокот на случката.

Работејќи како обезбедување во еден трговски во Атланта, Дариен Лонг, им свикува на група деца да се стишат малку. Бескрајно навредена од ова, мајката на децата (и најверојатно другарка и) му се сснуваат на Лонг, за тоа што им викнал на децата.

Сето ова во еден момент ескалира кога мајката почнува да го удира Лонг со боксови. Лонг, кој инаку од почетокот на расправијата повторува "одбиј, оддалечи се" го вади пиштолот на струја и ја покосува жената.

Откако Дејли Меил пишуваше за видеото, Лонг не само што доби поддршка, туку членовите на Реддит започнаа и кампања за собирање пари, за Лонг да може да си купи подобра опрема.

"Тој е добар дечко а тоа е област која е многу опасна. Има полициска станица веднаш зад тој блок, а и понатаму таму се продава дрога. Тој мора да носи панцир. Тој воопшто не е горд за тоа што ја застрела жената и се надеваше дека сето тоа можеше да биде избегнато," пишува еден од членовите на Реддит.

До сега во кампањата се собрани 14.000 долари.

2 февруари 2013 - 17:58