Додека народот ги гледа милијардерите во Давос, Блумберг направи интерактивен индекс на милијардери, во кој можете прилично да 'рчкате по нивниот живот.
Па така, малезискиот милијардер Роберт Кук има најмногу деца меѓу милијардерите (8), додека 10 милијардери, од кои мнозинството во поодминати години, немаат ниту едно дете.
Од 80-те, само Ханс Раусинг (13,5 милијарди долари и наследник на Тетра Пак) и Ернесто Бартарели (15 милијарди долари и наследник на Сероно компанијата за биотехнологија), го чуваат најголемиот дел од своето богатство (над 90%) во готовина.