Иако не беше некоја голема инвестиција (Роснефт плаќа по 6 милијарди долари од платформа за дупчење во Арктикот), 40 милиони долари вредната платформа во сопственост на Револуционерната гарда пропадна во вода кратко по пуштањето во употреба.
Во несреќата немаше жртви, а и платформата потона на дното на Персискиот залив без да се распадне. Сега проблем е што Иран ја нема потребната машинерија и бродови за да ја извади 1.850 тони тешката платформа од 80 метри под морето.
Паралелно со ова, по повод годишнината од Исламската револуција во 1979-та, иранското Министерство за одбрана го промовираше Qahar 313, најновиот и најсовремениот ловец на иранската армија, кој треба да преставува кошмар за комплетната воена авијација на САД (ултра брз, невидлив за радари, пренатрупан со оружје).
Откако седнаа да ги разгледаат снимките и фотографиите од авионот, експертите успеаа да најдат десетина причини зошто тој никогаш не би можел да полета, а не па да преставува каква било опасност за американската авијација.
Меѓу "олеснувањата" за Американците се:
- кабината за пилотот е премногу мала (плус седиштето е тесно).
- самиот авион е толку мал, што не е изводливо тој да може да ја носи опремата потребна за избегнување на радари, а да не зборуваме за оружјето и муницијата што треба да ги има.
- Изгледа како да е направен од пластика, бидејќи на авионот нема ниту едно шрафче или навртка, кои се задолжителни делови без разлика дали е авионот стелт или не.