Меѓународната организација на трудот, минатиот месец објави извештај според кој во светот во 2010-та имало 52,6 милиони куќни помошнички (чистачки, негувателки, дадилки).
Оваа бројка веднаш беше отфрлена од експертите, според кои во пресметката воопшто не се вклучени децата до 15 годишна возраст кои се најмуваат за вршење на домашни работи, како и милионите нелегални имигранти кои на ниту еден начин не се документирани. Според нив, вистинската бројка сигурно надминува стотици милиони луѓе.
Според бројките на МТО, само 10% од сите куќни помошнички се покриени според општите закони за работни односи, а повеќе од една четвртина од сите се "комплетно исклучени од националните закони за работни односи."
Во јуни 2011. МТО на годишната конференција во Женева, изгласа конвенција која за прв пат споменува "достојна работа за жените работнички и куќните помошнички". До сега конвенцијата ја имаат ратификувано само 3 држави, а уште 5 се во процес на ратификација.