Земјата буквално беше на прагот самата да се истреби по најужасниот геноцид по Втората Светска Војна кој однесе близу еден милион животи.
Силна Влада која има визија и решеност неа да ја спроведе е клучниот елемент кој придонел Руанда да му покаже на светот дека маѓепсаниот круг на сиромаштија и болести може да се прекине.
Во 1994-та, очекуваниот животен век на човек од Руанда бил 30 години а секое четврто дете не доживувало да наполни 5 години. Денес, смртноста на децата и смртноста на мајки при породување е намалена за 60 проценти. БДП-то се зголемува три пати и милиони луѓе излегуваат од сиромаштијата.
Стратегијата на Владата била здравството да се постави како приоритетна цел на закрепнувањето. Со создава робустен систем на примарна здравствена заштита и се обучуваат 45.000 луѓе да пружаат здравствени услуги во домовите на луѓето, дури и во најоддалечените краеви.
Посебно педантно се води сметка за парите кои се даваат во здравството и транспарентноста на одлуките. Странските Невладини кои помагаат во областа не смеат да тераат сопствена политика туку мора да се усогласат со државните мерки инаку губат право да бидат во Руанда.
Најефикасни мерки се преземени околу ХИВ вирусот. Во 2002-ра со програми биле опфатени само 870 лица. Денес се опфатени 100.000, што е 92 процентна опфатеност на заболените од оваа болест со државна здравствена помош.
Во САД опфатеноста е само 50 проценти.