Сторијата околу судијата Сергеј Бережној од Белгород, се развива цела недела. Прво неговата сопруга на медиумите им изјавува дека тој заминал на "добротворна мисија" во Сирија, додека неговиот шеф изјавил дека тој е на одмор.
Потоа новинарите прават кратка истрага во која откриваат дека тој пред да биде судија, неколку години минал како офицер на Советската тајна служба. Ова веднаш покрена сомнежи дека тој моментално е во Сирија како шпион.
Откако доби еден куршум во лицето и еден во ногата (и остана жив), Бережној изјави дека бил само турист во Дамаск, "а не воен разузнавач или саботер или шпион."
(видео од ранувањето и операцијата на Бережној)
Претходно, AFP ја објави веста за јапонскиот камионџија кој бил фотограф од хоби и кој веќе некое време е во Сирија фотографирајќи ја војната.