Функција и кладба

Во една од ретките форми на опозиционерство, кинески бизнисмен му дава 24 илјади евра на директорот бирото за заштита на околината во градот Руиан, ако докаже дека тамошната река не е загадена. Се што треба е 20 минути да плива во реката.

Бизнисменот понудата ја објави на Веибо (кинеската верзија на Твитер), а заедно со неа постираше и фотографии од реката која е буквално блокирана од отпадоци.

Џин Зенгмин, инаку директор на еден од најголемите ланци за продажба на очила, тврди дека реката ја загадува една фабрика за обувки.

На обвинувањата директорот на бирото потврди дека реката е загадена, ама според него тоа не е од фабриката туку од жителите.

"Преголемата населеност на регионот е главна причини за загадувањето. Населеноста на големо го надмина капацитетот на локалната природа," објаснува директорот Бао Жемин, според кој областа во која минува реката има 44.000 жители и околу 80.000 мигранти.

Тој најавил дека системот за прочистување на реката ќе биде готов за околу 3 години.

18 февруари 2013 - 18:39