Најновите бројки на Федералната изборна комисија покажуваат дека претседателските избори во САД чинеле околу 7 милијарди долари.
Во оваа сума се вклучени парите кои ги потрошија двајцата кандидати (вкупно 3,2 милијарди долари), двете главни политички партии и "Супер ПАК-овите" кои плаќаа реклами за една од двете страни.
Според последните бројки, вкупниот БДП на Косово (се што имаат продадено, без разлика дали е услуга и профит) сосе сите негови 1,7 милиони граѓани, изнесува 6,5 милијарди долари или вкупниот БДП на 18-те држави со најнизок бруто домашен производ во светот.
Со парите од кампањата можат да се купат 28 Боинг 787 или 70 приватни острови или 50 милијарди вакцини против детска парализа.
Првичните пресметки беа дека максимумот на трошоци што може да ги достигне кампањата е 6 милијарди долари.