Хипиците за кои во својата анализа на блискоисточните неприлики пишува сајтот на О Рајли "Daily Caller", денеска се преправени во еколози.
Токму тие, а не злоупотребата на верскиот и политички радикализам се извор на сите несреќи во регионот бидејќи во својата борба за зачувување на околината, ја подигнале цената на храната на светско ниво.
Според медиумот, големите бунтови од арапската пролет каков што беше либијскиот или египетскиот се резултат на општонароден гнев заради поскапување и дефицитот на храната. Највиновна за дебаклот на Блискиот Исток е ЕПА (американската агенција за заштита на околината) која инсистирала да се додава етанол во бензинот со што се предизвикал недостаток од пченка, заради што и се бунеле луѓето во Египет и Либија.
Фокс, О' Рајли и другите медиумски булдози на крупниот капитал со години инсистираат САД да ги напушти принципите на ЕПА за да може да се разгори нова индустриска револуција.
Фокс годинава има најниско ниво на гледаност во последните 12 години но се уште е највлијателната американска медиумска империја.