Иако е донесен по револуцијата од самите комунисти, кои тогаш инсистираат дека тој е клучен дел за идниот успех на кинеското општество, кинеските лидери низ годините систематски не го почитуваат уставот на земјата.
Добар дел од денешните закони на земјата со кои се ограничуваат човековите слободи, воопшто не би постоеле ако кинезите го почитуваа уставот.
Кинескиот устав гарантира се од приватна сопственост, до слобода на печатот и слобода на собирање. Според уставот и Големиот Фајрвол на Кина (програмата која ги филтрира содржините достапни на интернет во Кина) не е дозволен.
Инаку, новата кинеска администрација вети дека ќе се бори за спроведување на уставот за земјата, кој треба да биде "правно оружје со кое луѓето можат да ги одбранат своите права."