"Лавиците на Сирија"

Како што почна да му снемува мажи, Асад почна да регрутира жени за да ја пополни бројноста во сиријската армија. За почеток нема одма да ги праќа на фронт.

Единицата "Лавици за национална безбедност" имаат задача да контролираат безбедносни пунктови и да спроведуваат проверки на жени во бурка или со превез.

Жените веќе го имаат завршено својот тренинг во базата во градот Хомс и веќе патролираат низ градот. До сега во единицата се пријавени околу 500 жени.

За бунтовниците "ова е само изговор да се натераат бунтовниците да убиваат жени и потоа тоа да му се прикаже на светот како пропаганда."

Жителите на Хомс се пожалиле дека девојките изгледале прилично страшно и дека тие биле посебно строги кон жените во градот:

"Изгледаат како предатори и секоја жена што ќе пројде ја третираат како роб или како Евреј во концентрационен камп."

23 јануари 2013 - 12:22