Свет

Колку чини да се затвори Бостон на 1 ден

Поширокиот центар на Бостон деновиве беше речиси комплетно затворен (продавници, улици, фирми) како дел од потрагата по двајцата осомничени за бомбашкиот напад. Во овој период единствено работеше Данкин Донатс.

Што се знае за браќата Царнаев?

Полицијата го застрела 26-годишниот Тамерлан Царнаев еден од двајцата осомничени за бомбашкиот напад во Бостон. Вториот осомничен е неговиот брат Џохар. (+ изјава од вујкото)

Перфектниот ден кој се претвори во зло

Меѓу загинатите има и едно 8-годишно дете од Дорчестер кое излезе од публиката за да го гушне татко му кога го мина финишот. Таткото продолжи, детето се врати назад на тротоарот до мајка му и малата сестра. И тогаш бомбата експлодираше. Детето умре. На неговата мала сестра ѝ беше разнесена ногата. Мајка му беше тешко повредена. Ова е приказната на само едно семејство.

Со слонот разбери се каде е Максим Горки

Само неколку недели пред парламентарните избори во Индија, властите се загрижени за можни насилни изборни инциденти - од слонови.

8 цитати од новиот претседател на Венецуела

Иако допрва треба да го "маѓепса" народот и да ја продолжи работата на Чавез,  Николас Мадуро до сега барем го има извежбано давањето изјави кои инстанто ќе го обиколат интернетот. Ова се некои од работите што до сега ги има кажано, пред и за време на изборите.

Зошто Путин ќе му прави ревизија на секој административец?

Секој државен службеник на Русија, без разлика дали е функционер или чиновник, има фора до 1-ви јули да се ослободи од целиот свој имот во странство, акциите или банкарски сметки. По овој датум, сите ги чека ревизија, не од независен ревизор или компанија, туку од администрацијата на Путин.

Тендер за возила Дубаи стил

Полицијата од Дубаи, успеа за помалку од 3 секунди да стане најзакон полиција во светот. Луѓето решија да го обноват возниот парк.

Тинејџерската битка за бесплатен превоз

Во Бразил во изминатите десетина години постои граѓанско движење, во најголем дел составено од тинејџери, кои се во отворена битка со полицијата и кои бараат бесплатно возење со градскиот превоз.

Тачер за еврото: Не, не и не!

Настрана оценките за вкупните дострели на нејзините политики, огромен број Британци денеска жалат што не ги послушаа пророчките зборови на Маргарет Тачер која уште во 1990-та година предвиде дека е тоа ужасна идеја.

Зошто Америка и се смее на Кореја, а му се плаши на Иран

Кога едниот го замислуваш како којотот од Брзата птица, а другиот како Големиот Везир од Аладин, од кого повеќе би се плашел?

Почина Маргарет Тачер

Поранешната премиерка, бароницата Тачер почина на 87-години од мозочен удар, соопшти нејзиниот портпарол.

Зошто диктаторите не сакаат хумор

Во '97-ма српскиот Отпор, уште на своите почетоци, немајќи ни пари ни луѓе за посериозно да го нападне Милошевиќ, решава во центарот на Белград да стави буре за нафта со сликата на претседателот, а до него да остави бејзбол палка. За неколку минути Белграѓани застануваат и чекаат да им дојде ред и тие да го удрат Милошевиќ. Кога доаѓа полицијата, тие нема кого да уапсат па бурето го качуваат во марица.

Убавино, ти ме заморуваш веќе

Давањето комплимент за убавината на жената беше со векови прифатлив гест за двата пола, се додека во светот на јавниот збор не зацарува политичката коректност. Последен го кркаше Барак Обама кому не му е првпат да се изгори за своето кавалиерство.

Ибе Паликуќа Гадафи

Единствената ќерка на Гадафи е протерана од нејзиното засолниште во Алжир, затоа што неколку пати по ред подметнала пожар во куќата каде што била сместена.

На Кина и исчезнаа 27.000 реки

Последниве 3 години Кинезите земаа да ги бројат реките низ земјата. Пред почетокот на броењето, официјалната бројка им беше 50.000 реки. По завршувањето, сериозно се разочараа.

Тајниот живот на ѓубреџиите

Антрополог од Универзитетот во Њујорк фасцинирана од работата на ѓубреџиите во градот решава да напише книга за овие луѓе. Ама не површно, не со читање на интернет, туку излегува на улица, неколку години се труди да ја освои нивната доверба и плус ја минува целата потребна обука и тестови за работата. Во целото ова време го живее животот на луѓето за кои пишува.

Да грешиш е човечки, да не се извиниш е мерак

Тоа дека секој ќе згреши не е спорно, она што е важно е што се случува после грешењето. Некои ќе се извинат, некои не. Излезе дека на овие вториве им е поубаво.

Есеј за одвикнување од дилање дрога

Дилер на дрога од Англија ја добил една од најсуровите казни во англиското законодавство, треба да напише есеј од 5.000 зборови.

Како природата нè рестартира

Луѓето кои се изложени на природа не само што се посреќни и покомфорни, туку тоа позитивно ја менува и самата срж на нивната психа.

ЗИК Гренланд

Глобалното затоплување е стигнато до таа фаза што за прв пат во историјата жителите на Гренланд почнаа да одгледуваат овошје и зеленчук.

Мексиканска буна

Група само-организирани Мексиканци ја превземале контролата во еден помал град на пацифичкиот брег на земјата, по што ги уапсиле тамошните полицајци и поставиле барикади околу градот.

Зошто Олимпијадата беше огромна грешка за Пекинг

Во 2008-ма Кина ја направи најбогатата Олимпијада во историјата, по цена од 42 милијарди долари. 5 години подоцна има луѓе што уште се пишман околу целата работа.

Само лудак би бил Премиер

Првиот човек на италијанскиот централно лев блок, Пиер Луиџи Берсани, заврши во ќорсокак обидувајќи се да формира влада по неодамнешните избори во земјата, и откажувајќи се од идејата порача - само ментално болен човек би сакал сега да ја води Италија.

Треба ли Британија да го откачи Лондон?

За "глобалните граѓани" Лондон изгледа како нов главен град на светот, за луѓето кои живеат во останатите делови на Обединетото кралство, тој личи на друга планета, или "Првокласен град закачен на второкласна држава," како што заклучува еден Американец кој работи во Сити.