Свет

Кина победи во војната во Ирак

На Американците им загинаа 4.500 војници а 30.000 беа ранети, потрошија над 1.000 милијарди долари и пак не успеаа да воспостават функционална демократија. Ирачаните изгубија многу повеќе, над 100.000 мртви и 2 милиона иселени. Кинезите уште од старт не ги интересираше војната.

Старите закони и мирните затвореници

Јапонија ја има најниската стапка на криминал меѓу земјите на ОЕЦД, и најмал број на затвореници во споредба со другите развиени држави, и сето ова благодарејќи на казнени закони стари над 100 години и подеднакво сурови.

Советската гробница во Британија

Березовски е само последниот од поранешните жители на Советскиот блок кој почина за време на егзил во Англија. Секој од овие ликови некогаш биле дел или близу власта.

Смртта на Березовски е крај на ерата на руските олигарси

Почина Борис Березовски, некогаш најмоќниот лик во руската политика. Тој е најден мртов во када во својот дом во Лондон каде живееше по прогонот од Русија. Березовски имаше 67 години.

Дипломат во подзнак дилер

Иако звучи сомнително веста доаѓа од јужнокорејски весник Чосун Илбо кој важи за најточниот извор на вести од Северот, а според нив, Северна Кореја им наредила на своите дипломати низ светот да почнат да продаваат дрога.

И Англичаните знаат да прават бизнис како Балканци

Продажбата на Олимпискиот стадион во Лондон заврши со триумфален успех, кога успех би го дефинирале како продажба на стадион од 500 милиони фунти, за 15 милиони фунти и бонус, помош од владата од 60 милиони фунти.

Уште од мали сме ѓубриња

Причината зошто 3-годишно дете не ги дели играчките со други, не е дека не знае како, туку затоа што така му се сака.

Полесно до мобилен отколку до веце

Шест од вкупно седум милијарди луѓе колку што не држи планетава имаат мобилен телефон. Ама затоа, пристап до веце имаат неколку милијарди луѓе помалку.

Чавез ургирал кај Исус за изборот на Папата?

Тоа што јужно-американец станал поглавар на Католичката црква е директна заслуга на Чавез и неговото влијание врз Исус, порачал неговиот (привремен) наследник Николас Мадуро.

Човекот што го сруши Мит Ромни

Некаде сред претседателските избори во САД, додека Ромни уште изгледаше како "големата надеж" за Републиканската партија и додека уште се лакташе со Обама со ситна разлика на анкетите, се појави видеото за 47-те проценти, и ова комплетно му ја здроби кампањата. До сега никој немаше поим кој го снимил видеото.

Кој е новиот папа?

Кардиналот Хорхе Бергољио до скоро на работа се возел со автобус, ја заменил официјалната резиденција со скромен стан и самиот си готвел. Сепак, тој изгледа не е реформаторот кој многумина го очекуваа.

Американците јадат птици од гранки

Во Америка нема птици затоа што сиромашните Американци веднаш ги ловат и ги јадат, а луѓето живеат во шатори и пијат снег наместо кафе, или барем така се тврди во исечокот од еден северно-корејски документарец.

Зошто кинеските лидери се фарбаат?

Минатиот ноември на конгресот на Комунистичката партија на Кина, поранешниот премиер Жу Ронгџи комплетно ја запрепасти јавноста "затоа што се осмелил да се појави со обелена коса."

Радикален ребрендинг

Озлогласениот муслимански клерик Абу Хамза кој со самата појава изгледа како некој со кого нејќеш да си имаш работа (има изгубено око, наместо рака го знаеме со кука), планира својот некогашен знак за препознавање да го замени со нешто поцивилно.

Како 2.800 мртви свињи завршија во река во Шангај?

Во прашање е реката Хуангпу која го дели Шангај на два дела, а вонредната паника се должи на тоа што оваа e реката од која Шангај пие вода.

Прво лустрација па после Папа

Светата столица соопшти дека конечниот извештај за тајните документи поврзани со скандали во Ватикан ќе му биде презентиран само на новиот поглавар. Но, некои кардинали бараат да знаат за што се работи пред да изберат нов Папа.

Иде Дунав, англиска верзија

Бугарите и Романците се најчестото страшило со кое Британците се плашат за нивните работни места. "Апокалиптичниот" бугарско- романски имигрантски дожд е планиран за следната година.

Градот што не знае кој му прати злато

Јапонски град кој сериозно настрада во цунамитo од 2011-та, во последниве две недели е во општонародна збунка околу тоа кој им подарил златни шипки во вредност од над 300.000 долари.

Предностите на работењето за Хезболах

Судењето на еден 24-годишен Либанец за обидот за терористички напад во Кипар, потврди дека Хезболах е до толку таинствена организација што нејзините членови не ги знаат ниту по лик луѓето на кои им одговараат. Од друга страна откри и дека целата организација функционира како корпорација и дека тој зема поголема плата отколку вас и многу повеќе патува низ Европа.

Историско закрепнување на Руанда

Убава здравствена приказна доаѓа од – Руанда. За една деценија успеале да ја намалат смртноста од ХИВ, туберкулоза и маларија за 80 проценти. И тоа со просечен трошок од 55 долари годишно по човек.

Најскапото оружје на светот

И покрај економската криза, Пентагон ја извршува најскапата нарачка на оружје во историјата на човештвото тешка 400 милијарди долари. И малку е.

Функција и кладба

Во една од ретките форми на опозиционерство, кинески бизнисмен му дава 24 илјади евра на директорот бирото за заштита на околината во градот Руиан, ако докаже дека тамошната река не е загадена. Се што треба е 20 минути да плива во реката.

Деновиве ништо не му успева на Иран

После 30 месеци изградба Иран пушти во погон една нафтена платформа во Персискиот залив, одма им пропадна. После десетици години Иранците го направија првиот нов воен авион, странските експерти се согласија дека Иранците може направиле авион, ама тој нема да може да лета.

Кина има проблем со уставот на Кина

За разлика од нас, што прилично му се притресуваме на Уставот, Кинезите имаат едно прилично левтерно однесување кон највисокиот акт на земјата.